Анчелоти ги одмора Бензема и Модриќ, Лајпциг со голема надеж против Реал

Реал Мадрид вечерва ќе му гостува на РБ Лајпциг во рамки на петтото коло од групната фаза во Лигата на шампионите. „Кралевите“ веќе го обезбедија билетот за осминафиналето, па очекувано Карло Анчелоти ќе одмори дел од своите ѕвезди на овој дуел.

Шампионот на Европа во Германија ќе отпатува без Лука Модриќ и Карим Бензема. Двајцата играчи ќе бидат поштедени за предизвиците во домашниот шампионат. На теренот нема да се појави ниту Федерико Валверде. Еден од најдобрите фудбалери на „кралевите“ оваа сезона доби незгоден удар против Севиља, па ќе направи пауза во европското натпреварување.

Лајпциг има потреба од позитивен резултат, ако сака да се најде во нокаут фазата.

Се вчитува...