Анчелоти на лето го презема Арсенал?

Италијанскиот стратег Карло Анчелоти од следната сезона ќе биде нов менаџер на Арсенал, шпекулираат медиумите на Островот. Тој го следеше лондонското дерби меѓу Тотенхем и Арсенал (1-0), а тоа е во насока што е можно подобро да го запознае тимот што треба да го води од следниот шампионат во Премиер – лигата.

Раководството на „топчиите“, наводно, води преговори со Карло Анчелоти уште од периодот кога си замина од Баерн Минхен, а Италијанецот побарал составот на Арсенал да биде засилен токму со Пјер – Емерик Обамејанг оваа зима. Останува целосната реконструкција на тимот според негоите замисли да биде направена на лето, по неговото доаѓање на „Емирати“. Дали оваа најава навистина ќе стане реалност, останува да покаже времето…

Се вчитува...