Анчелоти се налути: Не ме прашувајте веќе за Кавани…

Шефот на стручниот штаб на Наполи, Карло Анчелоти, ги загуби нервите откако повторно беше прашан околу потребата во тимот да биде доведен Единсон Кавани. Уругваецот веќе подолго време се поврзува со враќање назад во Неапол, но Анчелоти со право стави крај на овие шпекулации, оценувајќи ги како непочитување на напаѓачите кои тој моментно ги има на располагање во својот тим.

„Иронијата е во тоа што луѓето толку многу зборуваат за Кавани, кого многу го сакаат во Неапол, но сето тоа се случува во период во кој нашите напаѓачи постигнуваат толку многу голови. Мислам дека е време сето тоа да престане и во иднина нема да одговарам на прашања на оваа тема. Милик даде четири гола на последните три средби во домашното првенство, во форма се и Инсиње, Мертенс и Калјехон, треба да разговараме за нашите фудбалери, а не за некој кој не е дел од нашиот клуб“ – дециден е трофејниот стратег.

Кавани има договор со ПСЖ до 2020 година и речиси сигурно ќе ги напушти „светците“ на крајот од сезонава.

Се вчитува...