Анчелоти за Валверде: Доколку не даде 10 гола, ќе ја скинам лиценцата и веднаш ќе се пензионирам

Карло Анчелоти, менаџерот на Реал Мадрид, по победата на неговиот тим над Лајпциг во ЛШ, изјави дека е задоволен од пристапот на неговите играчи. Италијанецот воендо даде интересен предизвик за него, но и за еден од фудбалерите на Реал.

Валверде го постигна третиот гол сезонава во сите натпреварувања, а за тоа даде коментар и Карло.

„Тоа што беше чудно минатата година е тоа што постигна само еден гол. Ако не може да натерам таков фудбалер да даде 10 гола во сезона, тогаш ќе ја скинам тренерската лиценца и ќе се пензионирам“, изјави Анчелоти.

Валверде го носи дресот на актуелниот европски и шпански шампион од 2016 година.

Се вчитува...