Анчелоти збесна: Сериозно тоа ме прашувате? Нема да ви одговорам

Неколку минути по вчерашниот натпревар меѓу Шахтјор и Реал Мадрид, во кој европскиот првак избори пласман во 1/9 финалето, тренерот на шпанскиот гигант Карло Анчелоти на прес-конференцијата одговораше на прашањата од новинарите.

Поставено му е едно за доаѓање на Килијан Мбапе во Реал Мадрид, со оглед дека се погласни се шпекулациите за негово незадоволство и за заминување од Париз.

Италијанскиот искусен стручњак збесна и одби да одговори на прашањето.

„Сериозно имате храброст тоа да ме прашате? Нема да ви одговорам. Не сум должен да ви одговорам на тоа прашање“, рече италијанскиот стручњак на клупата на „кралевите“.

Се вчитува...