Андреј Стојановски стигна до уште едно олимписко финале

Македонскиот пливач Андреј Стојановски и во третиот настап избори финале на Олимписките игри за глуви што се одржуваат во Самсун, Турција.

Во квалификациите на 1.500 метри слободно, Стојановски го освои 8.место со време од 17:14.24 минути со кое обезбеди пласман во утрешното финале во оваа дициплина.

Македонскиот репрезенаттивец нимаше усшешни настапи и во претходните две дисциплини. Во финалето на 400 м.мешано, Стојановски го освои 4.место, а во финалната трка на 400 м. слободно заврши на 5.место.

Се вчитува...