Ангели со фуриозна последна четвртина до триумф над Кожув

КК Ангели стигна до нов триумф во плејаут натпреварувањето откако „фенерџијата“ на табелата успеа да слави над Кожув со убедливи 78-68. Двата тима имаа осцилации во одредени периоди од мечот, но како пресудни се покажа што Ангели одиграа на високо ниво во последните десет минути, ја добија четвртата четвртина со 24-10 и стигнаа до победата.

Гостите од Гевгелија подобро го отворија мечот, поведоа со 7-15 и со 13-20, но избраниците на Боби Митев се вратија и веќе во 14. минута преку Бубања го свртеа резултатот во своја полза. На одмор се замина со предност на домашната екипа од 40-36 по тројката на гостинскиот играч Дуев, но како пресудни се покажаа послeдните минути од мечот, Кожув на 120 секунди до крајот се приближи на 71-68, но гостите потоа не постигнаа ниту еден поен до крајот, а домашниот состав стигна до заслужена победа.

Американецот Раме беше главна фигура во победничкиот тим со 26 поени, Деолски постигна 13, додека најефикасни кај Кожув беа Унрих со 26 и Штерјов со 14 поени.

Се вчитува...