Ангелов: Да го повториме изданието од дуелот со Вардар, и можеме до успех и против Шкупи

Работнички го доби дербито против Вардар со 2-1 во минатото коло, а напаѓачот Виктор Ангелов во својот прв натпревар успеа да се запише во листата на стрелците. Во претстојното 22.коло, „романтичарите“ ги очекува гостување против Шкупи, а Ангелов верува во нов успех.

„Одигравме одличен натпревар против Вардар и ја забележавме првата пролетна победа. Сега размислуваме позитивно и за следниот дуел против Шкупи и мислам дека можеме да славиме, доколку повториме едно такво квалитетно издание какво што прикажавме против Вардар. Ќе биде тежок натпревар, можеби и временските услови и теренот ќе создадат и дополнителни тешкотии, но ние сме подготвени и максимално мотивирани за да оствариме нов позитивен резултат“, изјави Виктор Ангелов за официјалниот сајт на клубот.

Се вчитува...