Ангеловски: Тоа што го предвидувавме, се оствари

Селекторот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски искажа задоволство од убедливата победа против Лихтенштајн, прва во квалификациите за СП 2022, за планирани три бода…

„Тоа што сите го предвидувавме се оствари. Убедлива победа, иако во денешниот фудбал е тешко да победиш било кого… Резултатот ни дозволи повеќе играчи да добијат минутажа. Секако задоволен сум од победата. Всушност, кога ќе постигнете пет гола секако дека сте задоволен. По првото полувреме, во кое исто така доминиравме, инсистирав што побрзо на стартот од вториот дел да дадеме втор гол и да го решиме натпреварот што се случи веднаш во второто полувреме“ – истакна Ангеловски на прес-конференцијата по средбата.

Селекторот потенцираше дека немало потреба денеска да игра Аријан Адеми, кој сигурно ќе стартува во среда против Германија.

„Немаше потреба да го користиме денеска Адеми и затоа сум сигурен дека ќе стартува против Германија“ – соопшти Ангеловски.

Се вчитува...