Англија без уште еден првотимец доаѓа во Белград

Англија ќе биде сериозно ослабена за претстојниот дуел од квалификациите за СП против Србија што ќе се игра во Белград откако Томас Тухел остана без помошта на уште еден стандарден првотимец.

Џуд Белингем веќе извесно време се опоравува по операцијата извршена летово, неодамна повреди заработија и Кол Палмер и Букајо Сака, а Тухел сега остана и без дефанзивецот Џон Стоунс, кој дојде на првиот собир, но беше донесена одлука членот на Манчестер Сити воопшто да не патува за Србија.

„Стоунс пристигна со мала повреда на мускулот во тренинг-кампот. Се надевавме на рехабилитација, но сето тоа не се одвиваше во правец каков што очекувавме. Не сакаме ништо да ризикуваме, тој нема да игра против Андора ниту против Србија“, изјави Тухел на денешната прес-конференција.

Се вчитува...