Антони дојде во Манчестер јунајтед како суперзасилување од Ајакс, но Бразилецот не успеа да ги оправда големите очекувања од него. Тој конечно потсети на своите најдобри денови откако вториот дел од ланската сезона го мина како член на Бетис, па Антони неслучајно инсистираше на перманентен трансфер во овој шпански клуб летово.
Желбата конечно му беше исполнета, Бетис по долги преговори најде заеднички јазик, па Антони вчера и официјално се пресели во овој шпански прволигаш.
„Пресреќен сум, повторно сум овде, Севилја е толку поубав град од Манчестер… Минав повеќе од 40 дена во хотел, само моите најблиски знаат колку ми беше тешко, сите знаеја дека сакам да се вратам во Бетис, но требаше да се поклопат коцките. Сега тоа е средено, се радувам што пак ќе го носам дресот а Бетис, благодарен сум на сите кои го овозможија тоа… Ми беше многу тешко, тренирав одвоено од првиот тим и ги броев деновите кога ќе си заминам од Манчестер… Повторно ќе играм за Бетис, имаме толку многу предизвици пред нас, ќе сторам се за да ги оствариме“, оптимистички беше расположен Антони на промоцијата во Шпанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

