Арсенал го договорил Хусем Ауар?

Англискиот премиерлигаш Арсенал тргнува во реализација на најголемата желба на менаџерот Микел Артета. Тој сака на „Емирати“ да го доведе Хусем Ауар, одличниот играч за врска на Лион. Како што тврдат медиумите на Островот, раководството на Арсенал успеало да заврши половина од работата. Договорени се личните услови на Хусем Ауар за преселба во Премиер – лигата.

Останува да се заврши и потешкиот дел од трансферот, Арсенал да ја договори отштетата за трансферот со Лион. Францускиот клуб не сака ниту да слушне за продажба на плејмејкерот без да добие 60 милиони евра. Во игра за трансферот на Хусем Ауар се и Манчестер Сити, Пари Сен Жермен и Јувентус.

Се вчитува...