Лондонски Арсенал му понуди на стоперот Вилијам Салиба (24) нов петгодишен договор, според кој тој би останал на „Емирати“ до јуни 2030 година, објавија британските медиуми.
Договорот на францускиот интернационалец истекува во јуни 2027 година, а „топчиите“ сакаат да го решат неговиот случај што е можно поскоро, бидејќи знаат дека европските гиганти како Реал Мадрид покажуваат интерес за Салиба.
Управата на Арсенал сака да ја продолжи соработката и со крилниот напаѓач Букајо Сака (24), чиј договор има важност до јуни 2027 година.
„Топчиите“ потрошија близу 300 милиони евра за засилувања ова лето. Најмногу пари отидоа кај двајцата играчи од средниот ред, Мартин Зубименди и Еберечи Езе, и централниот напаѓач Виктор Ѓокереш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

