Арсенал пред потпис со Хусем Ауар

Англискиот премиерлигаш Арсенал е пред договор со капитенот на Лион, Хусем Ауар, пренесуваат британските медиуми. Ауар би требало да дојде во Лондон како би го засилил средниот ред кој според англиските медиуми е најслабиот дел во тимот на „топчиите“.

Ауар потекнува од младинската школа на Олимпик Лион, а во првиот тим дебитираше во 2017 година. Оттогаш за клубот запиша 99 натпревари на кои постигна 16 гола, а минатата сезона во која Лион играше во полуфиналето од Лигата на шампионите беше и капитен на тимот, а неговиот клуб доживеа елиминација од европскиот шампион Баерн Минхен.

 

Се вчитува...