Двајцата офанзивни играчи на Арсенал, Бразилецот Габриел Жесус (28) и Белгиецот Леандро Тросард (30), ќе бидат на трансфер листата во зимскиот преоден рок, објавија британските медиуми.
Тренерот Микел Артета во последните три сезони во голема мера се потпираше на Жезус и Тросард, но со доаѓањето на шведскиот голгетер Виктор Ѓекереш, двајцата станаа вишок. „Топџиите“ ова лето потрошија близу 300 милиони евра за засилувања. Најмногу пари беа потрошени за двајца играчи од средниот ред, Мартин Зубименди и Еберечи Езе, и за централниот напаѓач Ѓекереш, кој постигна дури 97 голови во претходните две сезони во Спортинг.
Швеѓанецот е прв избор на Артета, а го има и германскиот напаѓач Хаверц како резерва.
Договорите на двајцата играчи истекуваат во јуни 2027 година, и ќе се обидат да ги продадат за да заработат нешто.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

