Артим Шаќири е нов тренер на албанска Аполонија

Една од македонските фудбалски легенди, Артим Шаќири повторно се враќа во Суперлигата на Албанија, преземајќи го кормилото на Аполонија од Фиер.

За Шаќири ова е второ враќање во албанскиот шампионат откако во сезоната 2014/15 го предводеше и тимот на Кукс. Сега ја презема тренерската функција на Аполонија во обидот да го спаси клубот, кој во моментов е на последната позиција на табелата, од испаѓање.

47-годишниот Шаќири претходно во својата тренерска кариера ги предводеше и Шкендија, како и косовскиот прволигаш Фљамуртари.

Се вчитува...