Асистенција на Атанасов во дебито за Краковија (ВИДЕО)

Македонскиот интернационалец Јани Атанасов дебитираше во дресот на Краковија со асистенција. Во натпреварот од 18. коло во полското првенство против Горник 23-годишникот се најде на теренот од првата минута, а имаше клучно додавање при првиот гол во победата од 2-0.

Нафрлувањето на Македонецот од корнер заврши на главата на Гита за водство уште во 17. минута. До крајот на мечот „црвено-белите“ постигнаа гол и преку Јаблонски за осма победа во сезоната.

Се вчитува...