Астон Вила е убедливо најнепријатното изненадување по првите пет кола од Премиер-лигата откако избраниците на Унаи Емери остааа без победа и на денешното гостување против Сандерленд (1-1).
Откако на претходните четири средби е постигнаа ниту еден единствен гол, овојпат Вила конечно успеа да ја затресе противничката мрежа кога десниот бек Кеш упати силен удар од дваесетина метри со кој го изненади голманот на Сандерленд. Иако уште од 33. минута имаше и играч повеќе (исклучен беше домашниот лев бек Реинилдо), Вила не успеа да ја задржи минималата предност, по една заспаност на гостинската одбрана Исидор биеше прецизно на асистенција на Џака.
Во вториот меч од денешната програма од 15 часот Борнмут и Њукасл ремизираа 0-0, дуел во кој двете селекции имаа по неколку полушанси, но мрежите на Петровиќ и на Поуп сепак мируваа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

