Aтлетико Мадрид подготвува тужба: Нема пари на светов за кои ќе го дадеме Алварез

Изјавата на Хулијан Алварез веднаш по победата на Аргентина над Австрија од 2-0 на Светското првенство во Северна Америка го потресе фудбалскиот свет, бидејќи 26-годишниот напаѓач потврди она што се шпекулираше, дека сака да го напушти Атлетико Мадрид.

„Најдоброто нешто за мене е трансфер, сакам да го остварам својот сон“, рече Алварез, чиј договор со „јорганџиите“ од шпанската престолнина е до летото 2030 година.

Иако „Пајакот“  не ја спомена Барселона, јасно е дека мисли на каталонскиот гигант бидејќи долго време се зборуваше за негово заминување во тимот предводен од Ханси Флик од клупата. Атлетико не реагираше преку официјални канали, но „Диарио Ас“ се повика на извори од мадридскиот клуб.

„Видовме како функционираше Барселона во минатото“, го започна разговорот со новинарката Патриција Казон анонимниот соговорник, а потоа додаде:

„Нема сума што Барселона може да ја плати за Хулијан, а тој нема да биде замине во Барселона. Или ќе ја платат откупната клаузула од 500 милиони евра или ништо.“

Во истиот текст беше споменато дека Атлетико веднаш презеде правни мерки. Поточно, ќе ја тужат Барселона за преговори со играч кој е под договор, иако Алварез не ги спомена Каталонците.

„Сите знаат дека е нечесен клуб, но… Наидоа на клуб кој не им дозволува да се извлечат – тој клуб е Атлетико“, подвлече соговорникот, алудирајќи на случајот со Негреира.

Се вчитува...