АТП ја замрзна ранг-листата, најмногу добива Надал

Тенисот на терените ширум светот е запрен, а АТП донесе одлука за замрзнување на ранг-листата на најдобрите светски тенисери до 8 јуни, кога се очекува повторно да стартуваат турнирите.

Со други зборови, бодови од турнирите во Мајами, Рим, Мадрид и Ролан Гарос, нема да се бришат бидејќи овие натпреварувања воопшто нема да се одиграат. Од ваквата ситуација најмногу од сите ќе профитира Рафаел Надал, кој вообичаено брани најмногу бодови на турнирите на земјена подлога. Доколку се остварат најавите и сезоната продолжи со турнирите на треба, Надал има реални шанси да се искачи и на првото место на листата, бидејќи брани само 720 бода, наспроти 2.000 на Ѓоковиќ.

Новак Ѓоковиќ се надеваше дека во овој период ќе го мине Пит Сампрас по бројот на седмици на врвот на АТП-листата (Србинот има 281, Американецот 286), но српскиот тенисер ќе мора да почека за вакво нешто.

Се вчитува...