АТП календарот останува непроменет

Претседателот на АТП Андреа Гауденчи истакнува дека турнирите по Индијан Велс треба да се одржат како што е планирано. Во понеделникот беше соопштено дека првиот Мастерс во сезоната нема да се одржи поради епидемијата од коронавирусот. Поради таквата ситуација многу медиуми најавија откажување и на наредните турнири, а како прв вториот Мастерс кој треба да се игра во Мајами, а потоа и Монте Карло, Мадрид и Рим. Сепак, од АТП тврдат дека не би требало да има никакви откажувања и промена на календарот.

„Иако жалиме поради тоа што турнирот во Индијан Велс нема да се одржи, календарот на АТП останува ист. Ние и понатаму секојдневно ја пратиме ситуацијата, соработуваме со нашите играчи и организаторите на турнирите. Разбираме дека сите мерки мора да ги преземат локалните власти поради здравјето на населението“, се наведува во соопштението од АТП. 

Слични пораки стигнаа и од Мајами, откако организаторите на вториот Мастерс во сезоната истакнаа дека турнирот ќе се одржи според планот.

Се вчитува...