Вардар ја запре победничката низа на Силекс ремизирајќи (1-1) на гостувањето во Кратово во 23. коло од Првата македонска фудбалска лига, и тоа благодарение на голот на Азер Омерагиќ буквално на 15 секунди пред крајот на мечот, во последната минута од судиското продолжение.
Кратовци поведоа уште во 9. минута од средбата, со погодокот на најдобриот стрелец Ади Алиќ.
Алиќ ја искористи несигурната интервенција на гостинскиот голман Талески и успеа да постигне гол од непосредна близина за 1-0.
Во второто полувреме Силекс играше и со фудбалер помалку по исклучувањето на крајот од првиот дел на Донов, што предизвика револт кај домашните фудбалери.
Па, „вардарци“ во текот на сите 45 минути од вториот дел одржуваа офанзивна определба која конечно им се исплатеше буквално на 15 секунди пред крајот кога офанзивецот Азер Омерагиќ стрелаше за конечни 1-1.
ПРВА ЛИГА – 23. КОЛО
Тетово: ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР 1-0
Ибраими 73′
Кратово: СИЛЕКС – ВАРДАР 1-1
Алиќ 9′ – Омерагиќ 90’+5
Скопје: ГОСТИВАР – АП БРЕРА 2-2
Каланоски 25′, Ајдини 87′ – Велков 45′, Ѓоргиевски 52′
Струга: СТРУГА ТЛ – ВОСКА 1-0
Малески 88′
Скопје: ШКУПИ – БЕСА 2-3
Асани 32′, Рамани 79′ – Шефити 13′, Лазаров 28′(аг), Стојановски 60′
УТРЕ (10 март, 14 ч.)
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА