Бабунски се раздели со Ботошани

Давид Бабунски ја заврши соработката со романскиот прволигаш Ботошани.

По крајот на договорот со Романците, членот на златната македонска генерација од ЕП 2017 се одлучи за нова промена на фудбалска средина напуштајќи ги го Ботошани.

„Дојде крајот на соработката со Ботошани. Беше тоа еден интересен предизвик за мене. Му благодарам на клубот што ми овозможи да се вратам на европско тло по настапите во Јапонија, но сега е време за нови предизвици. Благодарам на сите во клубот за огромната поддршка која ја добив и посакувам успешни резултати во продолжението од сезоната” – вели Бабунски по разделбата со романскиот клуб.

Се вчитува...