Баерн го доби германското „класико“ во Дортмунд и се оддалечи на врвот (ВИДЕО)

Баерн Минхен со 2:3 славеше триумф во Дортмунд над Борусија, и ја зголеми предноста на првото место на табелата со четири бода. Во многу нервозен натпревар, со многу возбудувања и пресврти, на крајот „Баварците“ успеаја да слават благодарение на сомнително досуден пенал кој ги разбесни „милионерите“, па нивниот тренер Марко Розе доби и црвен картон.

Дортмунд одлично тргна, и преку Бранд успеа да дојде до водство во 5. минута. Сепак, Левандовски израмни само четири минути подоцна. Коман во 44. минута ја круниса иницијативата на Баерн да донесе водство за гостите.

Само што почна вториот дел, Халанд успеа да донесе 2-2, за Левандовски од крајно сомнителен пенал донесе ново водство за „Баварците“ кое беше задржано до крајот на мечот.

Дуелот го одбележа и тешката повреда на Јулијан Бранд, кој што имаше судар со главата со Упамакено, со што фудбалерот на Борусија заврши во болница.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...