Баерн имаше лесен тренинг со Волфсбург

Баерн Минхен се зацврсти на првото место на бундеслигашката табела со денешната победа над Волфсбург од 4-0. Баварскиот гигант не виде мака со тимот кој се соочува со огромна резултатска криза, нанесувајќи му го на Волфсбург шестиот пораз севкупно во сите натпреварувања.

Избраниците на Нагелсман имаа среќа да го отворат резултатот на самиот почеток од мечот, откако една одбиена топка стигна до Томас Милер, кој од пет-шест метри без мака ја смести во мрежата.

Баерн рутински гоодржа водството до крајот на полувремето, за во вториот дел набрзина да постигне уште два погодоци, преку Левандовски и Сане, за убедлив триумф над „волците“. Конечните 4-0 со својот втор гол во 88.минута ги постави Роберт Левандовски.

Баварскиот гигант по 17 одиграни кола има 43 бода, дури девет повеќе од Борусија Дортмунд, со тоа што „милионерите“ утре ќе го играат својот меч од оваа рунда, на гостински терен против Херта.

Се вчитува...