Баерн лесно со Волфсбург за враќање на врвот во Бундеслигата (ВИДЕО)

Баерн Минхен славеше лесна победа од 2-4 на гостувањето против Волфсбург во 19. коло од Бундеслигата, по што се врати на врвот од табелата.

Баварците по само 19 минути игра си ја завршија својата задача на денешниот натпревар. Коман со двата погодоци во 9. минута и во 14. минута донесе предност од 0-2, а во 19. минута Милер погоди за 0-3.

Откако Волфсбург преку Комински намали на 1-3, во 73. минута Мусиала донесе 1-4 за Баерн. Сванберг во 81. минута ги постави конечните 2-4.

Се вчитува...