Баерн Минхен ги одбил Салах и Мане

Баерн Минхен пред неколку години имал прилика да ги ангажира Мохамед Салах и Садио Мане, но баварскиот клуб ги одбил двата играчи, пренесуваат германските медиуми.

Сенегалецот бил понуден на тимот во 2014 година уште од времето кога настапуваше за Салзбург, додека Салах имал две шанси да го облече црвениот дрес во 2015 и 2017 година, но трансферот од редовите на Рома не се оствари.

Наместо во Баерн Минхен, Мане во 2014 година заврши во редовите на Саутемптон за 12 милиони евра, а оттаму премина во Ливерпул, додека Еѓипјанецот во 2017 година оствари транфер на „Енфилд“ за 40 милиони евра.

Се вчитува...