Баерн Минхен ги затвора трибините на „Алијанц Арена“

Фудбалерите на Баерн Минхен во следниот период ќе играат пред празни трибини. Оваа одлука клубот ја донел откако премиерот на Баварија, Маркус Цедер најавил таква одлука по зголемување на бројот на нови случаи со коронавирусот во таа област.

Цедер додаде дека сојузната држава ќе забрани присуство на навивачи, па дури и ако не постои договор на ниво на целата земја.

„Нема смисла повторно да пуштаат гледачи барем во следниот период. Ако не успее договор на сојузно ниво, ќе донесеме такво ниво за Баварија“, рече Цедер.

Баерн следниот меч на домашен терен го игра против Барселона на 8. декември.

Се вчитува...