Баерн Минхен ја „растури“ Викторија Плзен со „петарда“

Баерн Минхен лесно се справи со Викторија Плзен, и дојде до третата победа во Лигата на шампионите, што му гарантира пласман во следната фаза од Лигата на шампионите. Чесите немаа никакви шанси да направат нешто повеќе, а победникот беше решен во првите 21 минута кога „Баварците“ поведоа со 3-0.

Сане во 7. минута донесе водство, а во 13. минута Гнабри донесе 2-0. Мане во 21. минута стрелаше за 3-0, а потоа и поништен гол на Баерн.

Во вториот дел Нагелсман се реши да смени неколку играчи, па на клупата ги повлече најпрво Дејвис и Мусиала, а потоа и Сане. Пред да излезе Сане зголеми на 4-0, а Чупо Мотинг во 59. минута донесе 5-0, што беше конечен резултат на средбата.

 

Се вчитува...