Баерн Минхен ќе пазарува во Англија, на мета е ѕвездата на Лидс

Баерн Минхен е во потрага по нов крилен напаѓач, бидејќи по завршувањето на оваа сезона ќе остане без Кинсли Коман, кој планира да го напушти клубот како слободен агент.

Французинот одбива да потпише нов договор па поради тоа челниците на германскиот гигант веќе работат на трансфер-пазарот. Според англиските медиуми, Баерн Минхен е подготвен да плати 50 милиони евра обештетување за да го добие фудбалерот на Лидс јунајтед, Рафиња.

Бразилецот е еден од малкумината во составот на менаџерот Марсело Биелса, кој сезонава игра на високо ниво, па затоа го привлече интересот на Баварците. Тој е и репрезентативец на Бразил, а интерес за негов трансфер покажа и Ливерпул.

Сепак, „црвените“ не сакаат да платат 50 милиони евра за да имаат скапа резерва на Мохамед Салах, па затоа Баерн е главен фаворит за неговиот потпис.

Се вчитува...