Баерн во „аут“ во Купот: Фрајбург победи во Минхен (ВИДЕО)

Баерн Минхен се прости со трофејот од Купот на Германија, откако загуби на домашен терен од Фрајбург со 2:1. Иако имаа водство, „Баварците“ на крајот беа шокирани од Фрајбург, кој оди во следната фаза.

Упамекано во 19. минута донесе предност откако со глава стралаше во голот. Хофлер во 27. минута успеа да изрмани.

Најголемата драма се случи во судиското надополнување, откако Мусиала играше со рака во шеснаесетникот, а Хелер го претвори пеналот во гол за голема сензација во Купот на Германија.

Претходно во следното коло мина Ајнтрахт Франкфурт кој го совлада тимот на Унион Берлин.

Се вчитува...