Бајевски во „ПРЕСИНГ“: Франција и Бразил се „небо и земја“ – Кај Французите не знаеш од кого повеќе да се плашиш! (ВИДЕО)

Во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“, гостин легендата на Вардар и македонскиот фудбал, членот на шампионската вардарова генерација од 2002 година, а во моментов еден од најпознатите македонски фудбалски агенти – Александар Бајевски.

Поранешниот македонски репрезентативец, анализирајќи ги случувањата на актуелното Светско првенство 2026, уште пред 1/16-финалната пресметка со Шведска, на која „триколорите“ целосно доминираа, ја потенцираше Франција како главен фаворит за трофејот и оваа година…

„Дидие Дешамп ако не бил квалитетен нема да се задржел толку години на селекторската позиција. Секогаш е Франција во топ четири. Има репрезентацијакоја што е прв фаворит. Има страшни играчи. А, што ќе се случи на оваСветско првенство зависи и од повеќе фактори… Во елиминациската фаза се работи само за еден натпревар, па ако дојде некој посериозен противник, може да се случи да загубат од само еден контра напад, без разлика на доминацијата на терен. Но, генерално гледано кај нив не знаеш од каде да се плашиш. Од Мбапе… до Дембеле, до Олисе… Ете, Шерки и Баркола се замени, и Турам кој добива малку шанса. И еден Шерки, кој што знаеме во Манчестер Сити е главен играч. Баркола, кој што е еден феноменален талент. Значи не знаеш од кој повеќе да се плашиш“ – вели Бајевски во „ПРЕСИНГ’ и дополнува:

„Французите буквално секого може да победат. Носат сериозна надмоќ во себе. Ако тие бидат во добра форма, мислам дека нема кој кој да ги запре. Имаат, не 11 играчи, туку 16-17 фудбалери кои се на сосема исто квалитативно ниво. Ни една друга репрезентација нема толку квалитет како што има Франција. Аргентина е спомната, да, но Аргентина го нема тој квалитет – на секоја позиција по два-три играчи. Аргентина го има Меси. Добро се поставени, функционираат на потег за Меси. А, Франција е нешто друго. Еве да ги споредиме и со еден Бразил. Бразил е Бразил во светскиот фудбал, а сепак оваа Франција и Бразил се ‘небо и земја’, реално. Е сега како тоа ќе функционира понатаму ќе видиме. Но, искрено ги гледам Французите, заедно со Англија и Шпанија, како главни претенденти за освојување на Светското првенство 2026“.

ЦЕЛАТА ЕПИЗОДА НА СПОРТСКИОТ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ“ ГЛЕДАЈТЕ ЈА ТУКА…

Се вчитува...