Бамфорд: Алиоски е човек кој сакаш да го имаш за соиграч, но не и за противник

Напаѓачот на Лидс Јунајтед Патрик Бамфорд вели дека македонскиот интернационалец Езгјан Алиоски е еден од најдобрите соиграчи со кои што играл во кариерата. Тој дополнува дека доколку си му противник може да биде многу напорен, но да го имаш во соблекувалната е плус за секој тим.

„Џани е брилијантен. Да го имаш во својот тим е нешто неверојатно, неговата енергија ни ја пренесува на сите, со него атмосферата во тимот е на едно повисоко ниво. Тој е еден од тие луѓе што посакуваш да ги имаш во својот тим. Ти си среќен што имаш таков соиграч, иако понекогаш го гледаш и си викаш што прави. Доколку ти е противник, веќе тоа не е така. Едноставно ги полудува противниците. Цело време зборува на натпревари и доколку не ти е соиграч многу лесно може да ти влезе во главата“, изјави Бамфорд. 

Лидс во моментов се наоѓа на 12. позиција на првенствената табела со 23 бода, а во следното коло на домашен терен ќе го пречека Брајтон и Хов Албион.

Се вчитува...