Баражот Грузија – Македонија погледан и од финалето на ЕП

ЕКИПА во Тбилиси
Горан Бошев

Македонија од Тбилиси обезбеди историја, обезбеди прво учество на Европско првенство во историјата. Со победата над Грузија на 12. ноември 2020 година, репрезентацијата успеа да се пласира на ЕВРО 2020, кое поради пандемијата се одигра минатата година низ 12 градови во Европа.

Анализа покажа дека тој меѓу Грузија и Македонија е погледан дури и од финалето меѓу Италија и Англија кое се одигра минатата година. Тој меч го гледале во просек 296.000 гледачи по минута, што го прави погледано и од минатогодишното финале, во кое Италија на пенали ја победи Англија.

Мечот се одигра без публика поради пандемијата на Ковид-19, па дуелот се гледаше само на малите екрани. Во Грузија имаше и полициски час, иако Грузијците се подготвуваа за славје и пласман на ЕП. Сепак, нивната радост ја „скрати“ Горан Пандев кој погоди и го донесе на Македонија најголемиот успех.

Се вчитува...