Барди како Роналдињо – Цел жив ѕид во воздух, тој под него во мрежата (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Енис Барди се врати во стартната постава на Леванте на мечот од Копа дел Реј против Валјадолид и веднаш ја зачини со прекрасен погодок, во стил на легендарниот Роналдињо. Токму бразилскиот ас во кариерата во неколку наврати знаеше на ист начин да ги изненади играчите во живиот ѕид.

Тој со одличниот слободен удар го израмни резултатот во 23. минута, откако претходно Тони донесе водство за домаќините во 13. минута.

 

Се вчитува...