Енис Барди по повеќе од два месеци пауза ги надмина проблемите со повредата на грбот, за првпат беше стартер за Леванте на куп-дуелот со Валјадолид, на кој македонскиот репрезентативец со прекрасен погодок го одведе својот тим во следната рунда од Копа дел реј. Барди од самото доаѓање во Леванте се наметна како специјалист за слободни удари, па затоа изненадувачки делува неговиот предолг пост без погодок од ваква ситуација.
Македонскиот плејмејкер мина цели 842 дена без гол од слободен удар на терените ширум Шпанија, откако беше прецизен на 7 октомври 2018 година, на гостувањето против Хетафе. Во меѓувреме како изведувачки во Леванте се менуаат и Рочина и Кампања, но Барди синоќа ја презеде одговорноста и маестрално реализираше, под живиот ѕид во мрежата на противникот.
„Знам дека долго време бев без погодок од слободен удар, но никогаш не ја загубив самодовербата. Благодарност и до стручниот штаб, кој пред мечот ме советуваше да се обидам со низок шут бидејќи увидоа дека играчите на Валјадолид секогаш скокаат и оставаат многу простор доле“, истакна Барди.
Enis Bardhi serbest vuruşta topu barajın altından göndererek kaleciyi gafil avladı ve Real Valladolid karşısında Levante’yi 1-1 eşitliğe taşıdı? pic.twitter.com/wbfTNxa8pV
— Tivibu Spor (@tivibuspor) January 26, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА