Барди vs Тер Штеген: Денот кога Германецот падна на колена пред Македонецот (ВИДЕО)

Македонската фудбалска репрезентација денеска од 20:45 ;ASOT испишува историја на „МСВ-арената“ во Дуисбруг, за првпат соочувајќи се со една од најмоќните светски репрезентации – Германија.

За разлика од националните натпревари, македонските фудбалери во повеќе наврати се имаат сретнато со „колегите“ од германскиот состав, а еден од нив е Енис Барди. Фудбалерот на Леванте во 2018 година на лигашкиот натпревар во Шпанија против Барселона, постигна и два прекрасни гола против денешниот „чувар на мрежата“ на Германците, Андре Тер Штеген.

Мечот во кој видовме девет гола, заврши со победа од 5-4 за Леванте, а Македонецот беше креатор на головите за предност од 3-1 и 5-1.

Се вчитува...