Барсегјан, Новак и Битанг стануваат „младинци“: Само странците викнати за пресметката со Шкендија!?

Вардар недефинирано, без „компас“ менува „курс“ и пред денешната четвртфинална реванш пресметка од Купот на Македонија (14 часот) против Шкендија. Иако најавија дека денеска ќе играат повторно со младински тим, според нашите информации, за натпреварот со Шкендија од раководството се одлучиле да ги повикаат само странците. Ниту комплетниот прв тим – ниту, пак, да се остане на ставот со младинскиот да се настапи против големиот ривал!!?

Па во Тетово ќе патуваат Тигран Барсегјан, Евгениј Новак и најновото засилување Битанг. Единствено од странците го нема најдобриот вардаров фудбалер Бразилецот Хуан Фелипе. Според најавите, ниту еден од првотимците – Македонци најверојатно нема да се најде во составот на Чедомир Јаневски. Од каде одлуката само тројца странци да заминат за Тетово заедно со оние кои играа минатиов викенд против Силекс, ако се знае добро познатата (не)транспарентноста на Вардар, веројатно никогаш официјално нема да дознаеме.

Вардар во Тетово оди со оние 1-1 од првиот натпревар во Скопје, кои оставаат можност и за пласман во полуфиналето од Купот на Македонија.

Се вчитува...