Барти: Никој не ме консултираше за промената на терминот на Ролан Гарос

Првата тенисерка на светот, Ешли Барти истакна дека неа никој не ја повикал кога било одлучувано Ролан Гарос да биде преместен за септември месец годинава.

„Не ме бараше Ги Форже, но ќе бидам подготвена да играм кога и да биде потребно. Се надевам дека ќе имам шанса да ја бранам титулата. Во овој момент постојат многу поважни работи, ќе направам се што е потребно како сите би останале живи и здрави“, изјави Барти.

 Барти е актуелна шампионка на Ролан Гарос, откако во ланското финале беше подобра од чешката тенисерка Маркета Вондрушова.

Се вчитува...