Баш срамота: Нагелсман бараше „кртица“ во соблекувалната, а девојка му била новинарка во „Билд“

Баерн Минхен денеска и официјално му врачи отказ на Јулијан Нагелсман, а меѓу причините кои беа наведени е и загубената доверба на голем дел од фудбалерите во младиот стручњак. Германските медиуми попладнево обелоденуваат дека причина за ваквиот расплет е фактот дека Нагелсман повеќе од една година се забавувал со Лена Вурценбергер, новинарка на весникот „Билд“ специјализирана за фудбал.

Тој се запознал со Лена по доаѓањето на чело на Баерн, а поради неа неколку месеци подоцна и се развел од сопругата со која бил во брак повеќе од една деценија.

Она што е најиронично, Нагелсман во последните месеци често се жалеше дека има „кртица“ во соблекувалната која ги издава неговите тактички замисли токму на весникот „Билд“. Иако Вурценбергер по почетокот на врската со тренерот самата се повлекла од покривање на случувањата во Баерн, фудбалерите очигледно биле бесни на критиките во јавноста од Нагелсман, кога токму неговата понежна половина е вработена во медиумот кој ги открива клупските тајни.

Интересно ќе биде да се види дали сега кога Нагелсман повеќе не е тренер, повторно ќе има „кртица“ на „Билд“ во соблекувалната на Баерн.

Се вчитува...