Батшуаи го реши Њукасл, Челси оди понатаму во ФА Купот

Челси се пласираше во петтата рунда од англискиот ФА Куп, откако тимот на Антонио Конте попладнево рутински триумфираше на дуелот со Њукасл со резултат 3-0.

Мичу Батшуаи доби ретка шанса во стартниот тим и белгискиот голгетер максимално ја оправда довербата, постигнувајќи два гола во првото полувреме со што беа разрешени сите дилеми околу патникот во следната рунда. Конечните 3-0 во вторите 45 минути ги постави дефанзивецот Алонсо, кој продолжува со одличните настапи оваа сезона.

Се вчитува...