БАВАРСКИ МЕДИУМИ: „Адеми е „БОГ“, а Велковски е „КАЈЗЕР“!“

Се уште не престануваат воодушевувањата на фудбалскиот свет по големата победа на Македонија над Германија од 1-2 во квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар во 2022 година. Новинарот Маркус Иредал кој е дел од реноминираниот баварски медиум „bavarianfootballworks.com“ беше полн со пофалби за нашите фудбалери. Покрај стрелците Пандев и Елмас посебно се осврна на Аријан Адеми и Дарко Велковски.

„Адеми е тип на фудбалер кој секој фудбалски романтичар мора да го сака. Вистински борец кој игра во Динамо Загреб од 2010 година. Тој е роден во Хрватска, а откако Нико Ковач не го повика за Светското првенство 2014 тој реши да игра за Македонија. Ковач подоцна се премисли, но Адеми веќе имаше даден збор на Македонците. Тој е мојот нов омилен фудбалер. Велковски е вистински „КАЈЗЕР“ на црвениот ѕид. Беше на секаде и едноставно ги затвори сите прооди на германските фудбалери“, пишува Иредал. 

По одличната партија против Германија, Велковски веќе има неколку понуди од Бундеслигата, а дополнителен одличен настап на ЕВРО би значел сигурен трансфер во една од најсилните лиги во светот.

Се вчитува...