Баерн Минхен на гостински терен го „торпедираше“ Унион Берлин во рамки на 10-то коло од германската Бунедс лига, успевајќи да нанесе висок пораз од 2-5.
Роберт Левандовски по кој знае кој пат беше дел од најавата за големата победа на „баварците“. Полскиот фудбалер донесе водство од 0-2, најпрвин беше стрелец во 15. а потоа и во 23. минута. До крајот на полувремето во листата на стрелци кај гостите се запиша и Лериои Сане во 35. минута, домаќините преку Нико Гиселман во 43. намалија на 1-3.
Второто полувреме воопшто не се разликуваше од провото, па публиката уживаше во вистинска голеада. Кингсли Коман го отвори вториот дел во 61. минута, а по само четири минути игра Џулијан Рајерсон намали за домаќините на 2-4. Томас Милер го запечати овој меч со гол во 79. минута.
По оваа победа „баварците“ спечалија 25 бода и се наоѓаат на врвот на табелата во Бундес лигата, еден поен повеќе имаат од Дортмунд, тим кој на домашен терен успеа да го совлада Келн со 2-0. Стрелци за домашниот тим беа Торган Хазард во 40. и Стефен Тигес во 64. минута.
gol 2 – https://d15390p5qh6nvp.cloudfront.net/lMPdEQ0.mp4
gol 3 –
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА