„Баварците“ со победа над Штутгарт го дочекуваат ПСЖ во ЛШ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Баерн Минхен со победа над Штутгарт со 1-2 во натпревар од 23. коло од германската Бундес-лига се загреаја за натпреварот на сезоната во реваншот против Пари Сен Жермен во осминафиналето во Лигата на шампионите.

Баварците до водство од 0-1 стигнаа во 39. минута со погодокот на Матијс де Лихт. На 0-2 зголеми Ерик Максим Чупо Мотинг во 62. минута. До крајот домаќините успеаја само да го ублажат поразот (1-2) со погодокот на Переа во 88. минута.

VfB Stuttgart 0 – [2] Bayern Munich – Eric Maxim Choupo-Moting 62’ from soccer

Се вчитува...