Баже Илијоски и Милан Илиевски ќе го водат Работнички

Тандемот Баже Илијоски и Милан Илиевски ќе го водат во продолжение на сезоната македонскиот фудбалски прволигаш Работнички, дознава ЕКИПА.МК.

Клубот од Дебар маало сезоната ја почна под палката на Љупчо Марковски Калц, но по слабите резултати од раководството на клубот решија да се разделат со искусниот стратег.

Минатото коло тимот го водеше Стојанче Игњатов, а по репрезентативната пауза на кормилото ќе седне тандемот Илијоски/Илиевски.

Двајцата се поранешни репрезентативци и едни од најдобрите фудбалери на скопскиот клуб, а Милан Илиевски своевремено работеше и во репрезентацијата на Македонија, како помошник на Игор Ангеловски.

Се вчитува...