Бекер: Новак знае како со публиката на Роџер

Поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ, Борис Бекер верува дека Србинот има се што е потребно да стигне до ново финале на Австралија опен. Ѓоковиќ во полуфиналето го очекува јубилејниот „50 класик“ против Роџер Федерер. Покрај квалитетниот противник, Новак ќе мора да се соочи и со поголемиот дел од публиката, која традиционално ќе биде на страна на Швајцарецот.

„Сите знаеме дека кога ќе дојде до моментот Новак да игра против Федерер, поголемиот дел од публиката ќе биде за Швајцарецот. Сепак, мислам дека тој може да се носи со тоа, бидејќи многу добро знае како е да се биде во таква ситуација“, изјави Бекер. 

Дуелот меѓу Ѓоковиќ и Федерер на програмата ќе биде во четврток наутро во 9:30 по средноевропско време.

Се вчитува...