Беласица е освојувач на меморијалниот турнир „Вуко Каров“ што по јубилеен 20. пат се одржа во Кавадарци, откако струмичкиот второлигаш успеа да триумфира и на двете средби што ги одигра, против Работнички и Тиквеш.
„Сино-белите од Струмица го совладаа прволигашот Работнички со 2-0 со головите на Истатов и на Митевски, а потоа беа подобри и од домаќинот Тиквеш, триумфирајќи со 1-0 со голот што го постигна Радојчиќ. Фудбалерите на Работнички славеа над Тиквеш со 2-1 со погодоците на Стојчевски и на Паповиќ.
За најдобар фудбалер на турнирот е прогласен Мартин Мирчевски од Беласица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА