Во групата „Б“ од Европското фудбалско првенство сигурен патник беше слекецијата на Белгија, а Лукаку и компанија за противник овојпат ја имаа Финска, дуел кој заврши со резултат од 2-0 во корист на Белгијците.
Во овој дуел свои шанси за пласман во следната нокаут-фаза бараа Финците, иако контролата и моќта над играта во првото полувреме припадна во апсолутна доминација на Белгија. Фудбалерите на репрезентацијата на Белгија создаваа низа на акции и шанси за гол, па само среќа ја спаси селекцијата на Финска што овој „танц“ на Белгијците не успеа да заврши со прослава и водство во првите 45 минути игра, па на пауза се замина со 0-0.
Во вториот дел Белгија успеа да го скрши отпорот на противникот, па во 74. минута по една гужва пред голот на Финска, Лукас Храдецки постигна авто-гол и ги прокоцка шансите за директен пласман на својата селекција во следната фаза на ЕП. Белгијците ја заверија оваа победа во 81. минута, а креатор на голот беше Кевин Де Брујн кој испрати топка во шеснаесетникот, а успешен реализатор беше Ромелу Лукаку.
Финска сега се наоѓа на третото место од оваа група, па пласманот во нокаут-фазата зависи од разврската во останатите групи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА