Белгија со максимален учинок се пласираше во нокаут фазата од Европското првенство, а во осминафиналето ќе се сретне против Португалија, натпревар кој ќе биде одигран во недела во Севилја.
Белгиците првиот натпревар го одиграа во Русија, за вториот патуваа во Копенхаген, додека третиот натпревар повторно беше одигран во Санкт Петерсбург, па во таборот на оваа селекција владее незадоволство од честите патувања.
„За жал на ова натпреварување постојат репрезентации кои сите натпревари ги играат на домашен терен. Тоа никако не е праведно. Ние за сите натпревари моравме да патуваме, а патувањата лошо влијаат на вашето тело. Игравме два пати во Русија и моравме да летаме и по три часа по натпревар. Тоа не ни помогна во натпреварувањето, меѓутоа мораме да го прифатиме тоа и покрај тоа што не е праведно“, вели поранешниот стопер на Арсенал, Томас Вермален.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА