Белингем: Добив и бустер, вакцинирајте се!

Фудбалерот на Борусија Дортмунд Џуд Белингeм ги советува своите колеги да се вакцинираат против корона вирусот. Младиот, 18-годишен Англичанец игра во Германија, каде 94 отсто од фудбалерите се ревакцинирани.

Играчот од средниот ред на Дортмунд потенцираше дека здравјто е пред се’, па затоа и нема простор од двоумење и дилема.

„Ние фудбалерите во општеството имаме простор да зборуваме јавно. Примив и бустер вакцина. Не сакам ништо да пренесам на моето семејство, ниту пак сакам да пропуштам натпревари. Не е мое да им кажам на сите дека треба да се вакцинираат, тоа е личен избор. Сепак, сакам сите да бидеме безбедни, затоа би ги советувал моите колеги да се вакцинираат“, потенцираше Белингем.

Се вчитува...